СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Како да го прочистите вашиот организам од токсини

На телото повремено му е неопходен одмор од масна и зачинета храна и прочистување, а тоа најлесно се постигнува со овошје, зеленчук, супи.

За брза детоксикација, основна понуда на Вашето мени, треба да бидат – цедените и „смути“ соковите, за ручек – супа, а вечерата да биде протеинска. Стручните лица за појадок предлагаат „смути“ од краставица, крушка, спанаќ, лимон и ѓумбир, а за ручек – супа од кромид, морков, компир и сок од домат.

Протеинската вечера може да се состои од варен ослич со зеленчук приготвен на пареа. Доколку сакате диетава да трае подолго, секако, може и да ги менувате намирниците, но принципот е тој – три оброци дневно.

За да ги почувствувате резултатите, доволно е да ги следите овие правила барем три дена.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content