СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Здрав појадок со зелено смуди

Денес ви споделуваме неколку совети за зелено смуди – лесен и здрав појадок кој е готов за само 5 минути!

За многумина од нас утрото значи рано станување, брзање на работа, подготвување на децата за во училиште или градинка и подготовка на појадок кој не само што ќе биде брз туку и здрав! Нутриционистите го пронашле идеалниот рецепт за појадок. Станува збор за зелен кашест сок од лиснат зеленчук, полн со витамини, минерали, влакна, хлорофил и амино киселини. За да го „маскирате“ мирисот на зеленчукот, препорачливо е да го измешате зеленчукот во блендер со овошје.

Зелениот кашест сок се одликува со следните придобивки:

  • вкусен и лесен
  • полн со витамини, минерали и растителни влакна
  • брзо се подготвува
  • сите членови на семејството можат да го пијат
  • го подобрува изгледот на кожата, косата и ноктите
  • ја дава потребната енергија
  • овозможува природно губење на тежината
  • го подобрува расположението
  • му ги дава на телото сите потребни хранливи материи
  • го спречува стареењето на клетките и го намалува ризикот од појава на рак
  • го нормализира варењето
  • ја подобрува меморијата, бистрината на умот и концентрацијата

Дали е здраво да се мешаат овошје и зеленчук?

Сте слушнале дека комбинирањето на овошје и зеленчук не е здраво. Но зошто е тоа така? Тоа е затоа што овошјето лесно се вари, додека повеќето зеленчуци содржат скроб, за кој е потребно подолго време да се вари.

Поради комбинацијата на такви некомпатибилни намирници, храната подолго се задржува во стомакот, што може да предизвика надуеност, гасови, а понекогаш и запек. Но, постои еден исклучок од ова правило – зелениот лиснат зеленчук. Не содржи скроб и лесно може да се комбинира не само со овошје, туку и со било кој друг вид на храна. Во продолжение ви споделуваме неколку рецепти за зелено смуди.

Рецепти за зелени смуди со спанаќ

Потребни состојки:

  • 1 банана
  • 300 милилитри вода
  • 100 грама шумско овошје (свежо или замрзнато)
  • 2-3 листови спанаќ
  • 1 лажица кафеав шеќер или јаворов сируп (по желба)

Сите состојки се ставаат во блендер и се мешаат 1-2 минути. Испијте го сокот веднаш, во мали голтки. Оваа количина на сок е доволна за 1 оброк за едно лице. Едноставно не можете да погрешите со овој рецепт: има одличен вкус, а и на децата ќе им се допадне. Покрај тоа, можете да го замените шумското овошје со кое било друго овошје (освен лубеница и диња), а наместо спанаќ можете да употребите кељ, салата или друг зелен лиснат зеленчук.

Смуди од зелена салата

Подготовката е иста: состојките се ставаат во блендер и се мелат додека не добиете еднолична смеса.

Боровинки и зелена салата

Потребни состојки:

  • зелена салата, исечкана на коцки
  • 1 зрела банана
  • 1 чаша боровинки, свежи или замрзнати
  • 1/2 чаша манго
  • 1 1/2 чаши вода

Цреша и зелена салата

Потребни состојки:

  • зелена салата, исечкана на поголеми коцки
  • 1/2 чаша боровинки
  • 1/2 чаша манго
  • 1/2 чаша цреши без јазли
  • 1 1/2 чаши вода

Јагоди и зелена салата

Потребни состојки:

  • 1 чаша јагоди
  • 2 банани
  • зелена салата
  • 1 1/2 чаши вода.
Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content