СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

За една седмица 377 нови случаи на ковид-19 во Прилеп

Од Центарот за јавно здравје – Прилеп информираат дека изминатата седмица, заклучно со вчерашниот ден, во општина Прилеп имало 377 нови случаи на коронавирус. Од последици на коронавирусот за седум дена починале 15 лица.

Бројот на активни случаи изнесува 765, од кои 659 се наоѓаат на домашно, а 106 на болничко лекување. Во домашна изолација и самоизолација се наоѓат 1.019 лица. Вкупниот број на заразени од ковид-19 изнесува 1.818. Од почетокот на пандемијата до денеска од коронавирус починале 78 лица.

 

Инаку, во Прилеп е зголемен бројот на лаборатории во кои се вршат тестирања за Ковид-19 и резултатите за бројот на позитивни и починати лица од коронавирус во Центарот за јавно здравје – Прилеп пристигнуваат во доцните вечерни часови.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content