СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Заседава Главниот штаб при ЦУК, се договараат утрешните активности

Заседава Главниот штаб при Центарот за управување со кризи со цел да се договорат активности кои треба да бидат спроведени во текот на утрешниот ден, каде е најкртично доколку избувнат нови пожари, изјави на попладневната прес-конференција помошник-раководителот на ЦУК Марија Милкова.

Ќе се донесат мерки и активности со препораки за утрешното дејствување на ресурсите на локално ниво, додаде Милкова.

Таа информираше дека во 15:30 часот е избувнат нов пожар во светиноколско  кај Богословски рид. Појасни дека пожарот е активен и оти на терен има припадници од противпожарните единици на Свети Николе и околните градови.

 

Исто така, нов пожар има во Крушево во село Светомирани, каде е запалено ѓубриште. Милкова наведе дека пожарот делумно е локализиран, меѓутоа се држи под контрола.

Пожарот во Прилеп кај селата Дрен и Смолани е локализиран, меѓутоа на потегот кај село Топлица истиот е активен и сега во попладневните часови на лице место е испратен авионот „Спартан“ на романското Воено воздухопловство, кој во неколку наврати ќе истури вода се со цел истиот да биде ставен под контрола и во текот на денот да биде локализиран, изјави Милкова.

Како што претходно јави МИА, според податоците на Центарот за управување со кризи, на територијата на државата попладнево се активни дестина пожари со разлилчен итензитет и тоа кај месноста Бајаз Тепе, кај селата Нов Истевник, Разловци, Драгоево, Топлица и Романовце, на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ, меѓу селото Дивље и месноста Крушје, кај селата Дрен и Смолани, на Китка и крај патот Шипковица-Бродец.

Пожарот во атарот на Делчевско е активен, при што се појавиле нови жаришта. Пожарот кај село Разловци на местото викано Чокалица е локализиран, но екипите се уште се на лице место. Пожарот во атарите на селата Тработи и Нов Истевник на натот кон Света Вода е ставен под контрола, но на местото остануваат 4 вработени од Шумското стопанство за да ја контролираат состојбата, а останатите се повлечени и упатени кај село Разловци.

Се уште е активен и пожарот на територијата на Општина Пехчево и се шири на територијата на Берово. Гаснењето се одвива на непристапни подрачја над село Будинарци и од силниот ветер огност се шири кон атарот на село Мирашинци, каде гори борова шума. Од ЦУК посочуваат дека се бара помош од АРМ со 30 војници и средства за гаснење на пожарот бидејќи ситуацијата е алармантна.

Пожар избувнал и во атарот на село Драгоево во Општина Штип, а според ЦУК, има сознанија и за ново жариште кај село Богословец на територијата на Свети Николе.

Огнената стихија на потегот меѓу селата Раовиќ и Буковиќ во Општина Сарај се движи кон сртот и нема опасност за селата. Таму гори мешана шума на доста непристапен терен, па на место на пожарот нема ниту една екипа.

Со воздухоплови е дејствувано кај пожарот во реонот на Катланово, односно на потегот меѓу селата Дивље и месноста Крушје. Пожарот сега се движи кон Дивље и поради дејството на авијација, оневозможено е гаснење од земја.

Пожар е регистриран на Преслап на Китка, кој со време губи на сила.

На подрачјето на Прилеп се активни два пожари и тоа во атарите на селата Дрен и Смолане каде гори сува трева и шума, а постои опасност да биде зафатена и високостеблеста борова шума, како кај село Топлица покрај магистралниот пат Прилеп – Градско.

Помали пожари се активни покрај патот Шипковица-Бродец во Тетовско, каде гори сува трева, како и во атарот на кумановското село Романовце, каде е опожарена сува трева.

На територијата на Велес локализиран е пожарот од правец на Крушје кон селото Џидиминци и тој не се шири, додека огнот меѓу селата Иванковци и Мамутчево е изгаснат, откако се опожарени 8 хектари стрништа.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content