СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Занаетчиите ќе добијат 20 милиони денари субвенции за набавка на алати и репроматеријали

Министерството за економија објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчиите.

Предмет на јавниот повик е кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност, државјани на Република Македонија преку кофинансирање до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 60.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали.

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија, за оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 20.000.000 денари.

 

Согласно јавниот повик со оваа мерка ќе бидат кофинансирани докажаните трошоци за набавки направени во 2020 година.

Право на учество на овој Јавен повик имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат следните услови: да имаат деловно седиште на територијата на Република Македонија, да имаат најмногу 5 (пет) вработени на неопределено работно време, да имаат намирени обврски кон државата и вработените.

Еден апликант може да користи субвенција само еднаш по овој јавен повик.

Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот “Прв дојден, прв услужен“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на апликациите во архивата на Министерството, сѐ до исцрпување на предвидените средства.

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е до 27.11.2020 година, до 14:00 часот.

Детали за јавниот повик и начинот на аплицирање може да најдете на веб-страната на Министерството за економија: http://www.economy.gov.mk/doc/2856.

Министерство за еконимија.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content