Заев побара Собранието да гласа за доверба на Владата

31

Премиерот Зоран Заев попладнево побара од пратенциите да се изјаснат за доверба на Владата. Заев кажа дека според Уставот и собранискиот деловник, премиерот има право усно да побара гласање доверба на Владата.

Ред е да се соочиме и расчистиме, да го видиме на дело толку најавуваното мнозинство од опозицијата која наводно ќе ја падне оваа влада. Ова е моментот кога ќе покажеме пред граѓаните колку има вистина од опизицијата, да видиме за што станува збор – стабилна власт со стабилно мнозинство или разнишана опизиција. Мора да е едното од двете ако не и двете заеднo – рече Заев пред пратениците.

 

Toj нагласи оти нема да дозволат неизвесност, несигурност, сопки, блокади и оптрукции.

Во име на вистината ја преземам одговорноста и обврската пред граѓаните согласно Уставот и Деловникот на Собранието да побарам изјаснување на Собранието за доверба на владата – заклучи Заев.

Пратеникот Никола Мицевски на ова рече дека немаат храброст да дозволат три дена расправа за, како што посочи, да ги кажат сите аномалии на владата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза за 34-та седница до 16 часот и 15 минути. Во меѓувреме, Џафери треба да го извести претседателот на државата Стево Пендаровски за барањето на премиерот Заев за гласање доверба на Владата.

Деловникот предвидува во случај кога прашањето за доверба на Владата го поставува претседателот на Владата усно на седницата на Собранието, пратениците се изјаснуваат на истата седница, без расправа. Претседателот на Владата и пред гласањето има право да му се обрати на Собранието.

Ако на Владата и е изгласана недоверба, претседателот на Владата до Собранието поднесува оставка во рок од 24 часа од изгласувањето на недовербата. За изгласаната недоверба на Владата и за поднесената оставка, претседателот на Собранието веднаш го известува претседателот на Републиката.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content