СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Жените земјоделки ќе добијат платено породилно отсуство од 81.000 денари

Жените земјоделки кои родиле од декември минатата до крајот на оваа година ќе добиваат по 81 000 денари за девет месеци. Тоа е привремената мерка на Министерството за земјоделство што се реализира и има обезбедено средства, рече Љупчо Николовски, министер за земјоделство.

Според Министерот Николовски ова преодно решение треба да биде вовед во системско.
Со оваа програма даваме можност на сите жени – земјоделки кои се регистрирани според законот за пензиско осигурување од оваа година, односно жените-земјоделки кои ќе родат, а тоа важи од 11 декември 2022 до 1 декември 2023 година ќе се стекнат со истото право од еднократен надомест од 81 000 денари, како што го имаат тоа право и другите жени кои работат и чии права се регулирани според Законот за работни односи. Ние, заедно со вас, направивме преодно решение и верувам дека оваа година ќе се најде системското решение со другите институции. Но, еве, ова е прва година, за првпат дека и жените-земјоделки ќе имаат платено мајчинство, издвоени се средства и ќе добијат во вкупен износ од 81 000 денари, рече Николовски.

Васка Мојсовска, претседателка на Националната федерација на фармери нагласи дека ќе инсистираат и на платеното боледување за земјоделците.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content