СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

ЕУ предвидува 3,7 проценти економски раст во Македонија годинава

Европската унија предвидува економскиот раст во земјава годинава да биде 3,7 проценти и закрепнувањето да се забрза во текот на годината.

Очекувањата се дека следната година растот на економијата би бил 3,8 проценти. Закрепнувањето, според ЕУ, ќе се должи главно на домашната побарувачка, додека надворешниот сектор веројатно нема да придонесе за раст.

Овие прогнози се нешто пониски од оние што во понеделникот ги презентираше Народната банка, според која растот на Бруто-домашниот производ годинава ќе биде 3,9 проценти и исто толкав ќе биде и следната година, а во 2023 година веќе ќе биде 4 проценти.

 

Според макроекономските проекции на централната банка, инфлацијата годинава би била 2,2 проценти што е зголемување во однос на претходната проекција која изнесуваше 1,5 проценти.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content