СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Дубаи со грандиозна церемонија го отвори Светскиот саем ЕКСПО

Светскиот саем ЕКСПО беше отворен во Дубаи во четвртокот. Ова издание беше одложено лани поради пандемијата на коронавирусот.

Церемонијата на отворањето беше пренесувана на јавни места насекаде низ Обединетите Арапски Емирати, а во неа учествуваа повеќе ѕвезди, меѓу кои Андреа Бочели и Ели Голдинг.

Дубаи се надева дека организирањето на ова издание од Светскиот саем ќе го забрза економскиот раст привлекувајќи 25 милиони посетители. Светскиот саем е изграден на површина од 4,3 квадратни километри во пустината. Организирањето на настанот чини околу 6,8 милијарди долари.

Дубаи очекува повеќе посетители од претходниот Светски саем, кој беше одржан во Милано. Посетителите на Светскиот саем мора да носат маски на лицето, а сите над 18 години мора да бидат вакцинирани или да имаат негативен тест за Ковид-19.

Светскиот саем ќе биде отворен до март 2022 г. Церемонијата на отворањето може да ја погледнете во продолжение.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content