СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Доделена плакетата за најзелена општина во Македонија

Општина Прилеп денес ја доби наградата за најзелена општина во Република Македонија како дел од кампањата за промоција на Европскиот Зелен Договор, а доделена од амбасадорот Дејвид Гир, шеф на делегацијата на ЕУ.

Како градоначалник на најзелената општина, сакам да истакнам дека денес бевме горди домаќини на конференцијата „Најдобра пракса за управување со комунален отпад- затоа што немаме резервна планета“ организиран од проектот финансиран од ЕУ „ЕУ за општините“.

Ве уверувам дека ова за нас како општина, ќе претставува само дополнителен поттик во иднина да ги продолжиме добрите практики во оваа област.

Сигурен сум дека претставуваме, и цврсто стојам на ставот и заложбите дека и во иднина ќе претставуваме позитивен пример за многу други општини во Република Македонија да преземат конкретни и решителни чекори, со цел да постигнат уште подобри резултати од Прилеп, во сегментот на правилното третирање и управување со отпадот.
Oд вкупниот собран селектиран отпад, 60% селектираат сите македонски општини, додека 40% се селектира само во Општина Прилеп.

Уште еднаш сакам да упатам искрена благодарност до нашите сограѓани кои со години покажуваат зрели европски навики и вредности, до вработените во Јавното комунално претпријатие ,,Комуналец’’, за нивната беспоштедна работа, и секако до Делегацијата на ЕУ, која што ја награди Општина Прилеп за нашите заложби и добрите практики кои што ги воспоставивме во правилното третирање и управување со отпадот и во заштитата на животната средина – напиша градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески на ФБ после средбата со евроамбасадорот Дејвид Гир.

Доделувањето на наградата беше извршено во рамките на конференцијата „Најдобра практика за управување со комунален отпад – затоа што немаме резервна планета” организирана во рамките на проектот ЕУ за општините финансиран од Европската Унија. Осум општини – Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година. Одборот за евалуација, составен од експерти од Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Јуроп Хаус ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации. Одборот за евалуација го препозна Прилеп како општина која најдобро ја покажа еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година.

Во рамки на посетата „ЕУ со ТЕБЕ” на Прилеп евроамбасадорот Гир ја посетија и Пречистителната станица – инвестиција од ЕУ вредна осум милиони евра која го подобрува квалитетот на водата, како и квалитетот на животот на прилепчани од 2019 година. Подоцна, амбасадорот Гир и градоначалникот Јовчески го посетија и Прилепското езеро, чиј статус на спортско-рекреативен комплекс во хармонија со природата беше подобрен со поддршка од ЕУ вредна 0,47 милиони евра.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content