СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Денеска почнува исплатата на пензиите

Со исплатата за најниската група на пензии до 11.000 денари, денеска почнува етапната исплата на декемвриските пензии за пензионерите кои пензијата ја подигнуваат од банките.

Оние кои користат платежна картичка, без разлика на која група припаѓаат пензијата ќе може да користат од денеска.

Министерството за труд и социјална политика соопшти дека подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата:

За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 27.12.2021 година (понеделник);

За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплатата да се изврши на 28.12.2021 година (вторник);

За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплатата да се изврши на 29.12.2021 година (среда); и

За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 30.12.2021 година (четврток).

Пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од 27 декември (понеделник). Тие можат да ја подигнат пензијата на банкомат, да ги користат средствата за плаќање во трговската мрежа или за електронски плаќања.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content