СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Градоначалникот Јовчески одржа координативен состанок со работните тела засегнати во потрагата по малиот Петар

Утрово Градоначалникот Јовчески одржа координативен состанок со работните тела засегнати во потрагата по малиот Петар која трае веќе шести ден.

На состанокот присуствуваа претставници од ОВР Прилеп, ПС за граничен надзор, АРМ, ТППЕ Прилеп, ЦУК, Центарот за социјална работа Прилеп како и од спасувачката служба „Златоврв“. Од моментот на пријавувањето за исчезнувањето на малиот Петар, односно во петокот во 20:00 часот, активирани се гореспоменатите институции со поддршка на Единицата за брзо распоредување, хеликоптерска поддршка, ловџии и кучиња трагачи.

Оваа потрага во која активно учествуваат повеќе од 100 луѓе дополнително ја отежнаа снежните врнежи (околу 60 сантиментри) на местото на кое детето е изгубено. Уште еднаш апелираме до сите граѓани на општина Прилеп кои можат било како да помогнат, да се вклучат во потрагата со цел успешно да се заврши. Во овој момент секоја информација е добредојдена, затоа доколку ја имате ве замолуваме обратете се до надлежните служби.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content