СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Годинава двојно повеќе работници се пожалиле за неисплатен К-15

Во периодот јануари-март 2020 година до Државниот инспекторат за труд поднесени се вкупно 259 претставки за неисплатен К-15.

Во истиот период, во 2021 година, поднесени се вкупно 502 претставки. Соодветно на зголемениот број на поплаки, реагирал и Државниот инспекторат. Така, според податоците во првите 3 месеци од годинава донесени се 191 решение од кои 161 опомена и 30 наредби. Во истиот период лани биле донесени се 98 решение, од кои 25 опомени и 73 наредби.

В.д директорката на Државниот инспекторат за труд, Јована Тренчевска, објаснува дека постапката за инспекцискиот надзор е уредена согласно Законот за инспекциски надзор (чл.16, 17, 19 и 20) и инспекторот е должен да постапи по секое барање од работник за остварување, односно заштита на правата од работен однос и заштита при работа и да достави писмено известување до подносителот (доколку е познат и оставил податоци за повратен одговор) за констатираната состојба и превземените мерки.

 

Доколку инспекторот утврди повреда на прописите над чија примена врши надзор, донесува решение согласно закон, по кое работодавачот е должен да постапи во рок од 15 дена од денот на приемот на решението. Ако повредата на прописот претставува прекршок или кривично дело, инспекторот е должен до надлежен орган да поднесе барање, односно пријава за поведување на соодветна постапка – вели Тренчевска.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content