СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Германија падна во рецесија

Во првиот квартал од 2023 година, германската економија падна за 0,3 отсто во однос на претходниот квартал, објави денеска германската Федерална служба за статистика, Дестатис.

Во последниот квартал од 2022 година, германскиот БДП падна за 0,5 отсто во однос на третиот квартал од таа година, а негативниот економски раст во два последователни квартали е знак за рецесија за многу економисти.

Економскиот развој го кочи падот на приватната потрошувачка, бидејќи германските домаќинства трошеле помалку на храна, пијалоци, облека и обувки, како и мебел, а овој сегмент бележи пад од 1,2 отсто во однос на претходниот квартал.

Во овој квартал, помалку Германци решија да купат нови автомобили. На квартално ниво, инвестициите во градежниот сектор се зголемени за 3,9 отсто, а инвестициите во опрема, пред се во машини, опрема и возила, за 3,2 отсто, објавено е на веб-страницата Дестатис.

Во споредба со првиот квартал од 2022 година, германската економија падна за 0,5 отсто, што е значително повеќе од очекувањата на пазарот за годишен пад од 0,1 отсто.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content