СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Земјоделие

Втор ден ЛЕНДНЕТ – посета на Егри и запознавање со резултатите од консолидацијата

Со сесија за консолидација на земјиштето во Северна Македонија и посета на селото Егри во Општина Битола, денеска продолжува 13. Меѓународна работилница ЛЕНДНЕТ што пошна вчера и се одржува во Скопје.

За време на теренската посета, предвидени се прошетка низ консолидационото подрачје Егри предводена од проектот МАИНЛАНД и промотивен настан.

Целта е на учесниците на ЛАНДНЕТ да им се претстават видливите резултати од соработката на ЕУ, ФАО и МЗШВ за поддршка на консолидацијата на земјоделското земјиште во Северна Македонија и да се слушне директно од земјоделците од Егри за бенефитот што го имаат од проектот МАИНЛАНД.

-Како прв успешно завршен македонски проект за консолидација на земјиште по принципот на распределба со промена на границите, Егри е пример за успешна консолидација и во меѓународни рамки. Тука подобрената структура на земјоделското земјиште беше надополнета со инвестиции во земјоделска инфраструктура за подобрување на пристапните патишта, каналите за одводнување и наводнување, со финансиска поддршка од Европската Унија во висина од од 500.000 евра, велат од Канцеларијата на ФАО во Скопје.

Меѓународната работилница ЛЕНДНЕТ ја организира ФАО заедно со Градежниот факултет од Скопје, во партнерство со Министерството за земјоделство и Делегацијата на ЕУ. Во рамки на вчерашниот прв ден, кога беше отворањето, покрај консолидацијата, во фокусот беше и земјишното банкарство.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content