СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Вработените во МВР ќе добијат повисока плата

Предлогот на МВР за линеарно зголемување на постојните плати на вработените во Министерството во висина од 3.086 денари по работник во бруто износ, почнувајќи со платата за месец март 2023, која ќе се исплати во април доби зелено светло на денешната владина седница.

Министерот Оливер Спасовски вели дека заедно со Македонскиот полициски синдикат успеале во заложбата да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата.

„Во стилот на старата мудрост ‘тивка вода брег рони’, во соработка со Македонскиот полициски синдикат, успеавме во заложбата за вработените во МВР да обезбедиме зголемување на платите со цел усогласување со растот на минималната плата, а наспроти сите шпекулации во дневнополитички цели со кои се обидоа да ја деградираат и демотивираат македонската полиција, но и да ја потценат доследноста во исполнувањето на ветеното од страна на нејзиното раководство, вели Спасовски.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content