СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Економија

Во 2022 година седум отсто од вработените во Европската унија работеле прекувремено

Во 2022 година седум отсто од вработените во Европската унија работеле прекувремено на нивната главна работа, обично 49 или повеќе часа неделно, објави денеска Евростат.

Над 30 отсто од самовработените работеле прекувремено, што е значително повеќе во споредба со категоријата вработени, во која четири отсто од луѓето работеле прекувремено, покажува истражувањето објавено по повод 1 мај – Меѓународниот ден на трудот.Квалификувани работници во земјоделството, шумарството и рибарството, 28 проценти од нив, како и менаџерите – 24 проценти, работеле многу повеќе прекувремено во споредба со сите други големи групи вработени, каде што во просек помалку од осум проценти од вработените работеле прекувремено.

Најголем број луѓе кои работат прекувремено е забележан во Грција – 13 отсто од вработените, додека Франција и Кипар се на второ и трето место со по десет отсто.

Вработените најмалку прекувремена работа работеле во Бугарија, Литванија и Латвија – по еден процент, пренесува Танјуг.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content