СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Владата на Србија донесе одлука за испраќање војска и полиција на Косово

Заврши седницата на Владата на Србија, на која беше усвоено барањето на Белград да побара од КФОР враќање на српската војска и полиција на Косово, согласно резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

На седницата во палатата „Србија“ присуствуваше и претседателот и врховен командант Александар Вучиќ.

Одредбата од Резолуцијата 1244 за враќање на нашите безбедносни сили е формулирана на таков начин што од неа произлегува обврската на КФОР да го олесни пристигнувањето на српската војска и полиција на Косово, објави српски Курир.

Претходните денови шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок и пратеникот на американскиот претседател Габриел Ескобар отворено се изјаснија против оваа идеја која директно ги крши нормите на меѓународното право и на Обединетите нации.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content