СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

ВИДЕО | Скандал на Евровизија: Француската претставничка покажа среден прст, не можела да го поднесе поразот

Француската претставничка Ла Зара на Евровизија освои многумина со својот дамски стајлинг и настапот кој го привлече вниманието со елеганцијата што речиси само Французите можат да ја донесат на сцената.

Со шармантниот мал шешир носен настрана и гламурозниот фустан, Ла Зара важеше за натпреварувачка која, во шаренилото на сè што има да понуди Евросонг, ќе се истакне со шик и елеганција.

Но, се случи токму спротивното. Имено, во моментот кога дознала дека добила само 50 гласови од публиката, пејачката покажала нималку дамски гест – средниот прст!

Француската претставничка не го поднела добро резултатот којшто нејзината земја го оствари на Евровизија.

Во салата како да завладеала тишина, а видно шокирани биле и водителите додека експресно продолжиле да ги читаат резултатите.

Очекувано, не требаше многу време нејзината реакција да стане вирален хит за кој сите зборуваат, па Ла Зара реши да се оправда со објаснување дека тоа е гест на разочарување поради фактот што нејзината песна „Évidemment“ вкупно освои 104 поени и заврши на 16-тото место.

„Тоа не е негативен гест, напротив, тоа е само гест на разочарување којшто го користиме меѓу пријателите. Секако дека сме разочарани, толку многу работевме. Истовремено, тоа е голем извор на гордост, затоа што направивме многу добар настап“, изјавила таа за БФМТВ.

Уште еден детаљ бил забележан и привлекол внимание – Ла Зара одлучила да не го чека прогласувањето на победникот во салата во Ливерпул, туку била снимена како излегува додека Шведска и Финска ги чекале резултатите.

Инаку, Ла Зара беше меѓу фаворитите за освојување на овогодишната Евровизија, а се претстави со песната „Evidemment“.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content