СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

(Видео) Коментаторот Атанас Костовски ги разбуди емоциите на јавноста во новата реклама на Скопско

Во пресрет на Европското првенство во фудбал, еден од најдобите спортски коментатори во Македонија, Атанас Костовски, се појави во новата реклама на Скопско.

Емотивната приказна за пензионираниот коментатор, кој натпреварите ги гледа на телевизија сам, веднаш го привлече вниманието на јавноста. На социјалните мрежи коментираат дека е одлична, па ја споделуваат и пишуваат дека одамна не ги расплакала некоја реклама.

„Дваесет пати ја гледав рекламата и дваесет пати плачев. Ќе пробам да ја гледам дваесет и први пат без да се расплачам“, „Да се шизици сега у јавен сервис, па да ги викнат Таско, Зоран Михајлов, Калински, да бидат премиум коментаторски тим за Европското првенство во чест на првиот настап на македонската репрезентација. Ама не верувам дека се. А баш би било добро, почест за нив, а почест и за репрезентацијата и за нас“, пишува во коментарите.

 

Потребно е само малку за да направиме да биде убаво. Заедно и сè е можно“, стои во описот на рекламата која ја режираше Марко Ѓоковиќ. Музиката е на Игор Василев – Новоградска, преработка на хитот на „Оптими-СКА“ од Суперхикс.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content