СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Велики Петок и вториот ден на Велигден се неработни денови

Неработен ден, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Велики Петок пред Велигден (30 април), е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Неработен ден, пак, за сите граѓани на Република Северна Македонија е понеделник, вториот ден на Велигден според православниот календар.

Министерството за труд и социјална политика, на граѓаните од православна вероисповед во Република Северна Македонија им го честита големиот христијански празник Велигден.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content