СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Вакцинирани над 26.000 граѓани против Ковид-19

Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26 014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во салата „Борис Трајковски“, а денеска, како што посочи, завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план.

 

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се нови 193 случаи со Ковид-19, 34 починати и 1014 оздравени пациенти.

Вкупно 1735 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во државава од кои 726 во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 142034, бројот на оздравени пациенти е 117794, на починати е 4262. Вкупниот број активни случаи во државава изнесува 19978 од кои 9324 се во Скопје.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content