СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Политика

Без дозволи од општината за поставување на фотонапонски централи по зградите

Со предложените измени на Законот за градење, усвоени вчера на владина седница, се предвидува фотонапонските електроцентрали да може да бидат поставени на објекти во индивидуална сопственост до 6 киловати и од страна на сите субјекти потрошувачи – производители до 40 киловати.

Се предвидува поедноставување на процедурите и клучно е што на граѓаните нема да им биде потребно решение од општината за поставување на фотонапонските централи, соопшти Владата и додава дека со ова предложено решение се излегува во пресрет и на бизнис секторот и на граѓаните, помагајќи на домашниот електроенергетски сектор.

Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за градење ќе биде доставен во собраниска процедура по скратена постапка. Министерот за транспорт и врски, образложувајќи го предлог-законот, упати апел до сите пратеници проактивно да се вклучат во носење на измените во Законот за градење, да биде донесена измената за да им се помогне на граѓаните.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content