Администрацијата со писмо до Владата побара поголеми плати

38
Испратени се предлози за нов начин на пресметка на платите кој ќе го следи порастот на животните трошоци. По нешто повеќе од една година, синдикатот повторно испратил барање за зголемување на платите. Од таму велат дека последен пат платата им е зголемена во 2019 за 5 отсто, а во меѓувреме има големо зголемување на трошоците за живот. Од таму тврдат дека во моментов поголемиот дел од државната и правосудната администрација добива потпросечна плата.
„Согласно податоците на Државниот завод за статистика просечната нето плата исплатена за месец март 2021 година изнесува 28.127,00 денари. Со последните измени на Законот за минимална плата, за 2021 година е 15.194,00 денари. Иако порастот на просечната и минималната нето плата на ниво на држава е за поздравување, вработените во администрацијата и правосудството за жал примаат плати и под просечната плата, но и под минималната плата.
Во изминатите неколку години, политиките на Владата придонесоа во одредени делови од јавниот сектор да има зголемување на платите и до 25%, но последното зголемување на платите во администрацијата беше со исплата на септемвриската плата во 2019 година, кога овие вработени добија покачување на плата од 5%.
Поразителен но и вистинит е фактот дека скоро 95% од вработените во администрацијата и правосудството имаат пониска плата од просечната плата, а уште по поразителен е фактот дека поради различниот систем на плати, во овој момент референтите и помладите референти во администрацијата имаат плата пониска од минималната плата што е и спротивно на закон.
Исто така, поради растечката инфлација и цените на основните производи за живот, во постојан пораст е и износот на синдикалната минимална кошница. Вредноста на синдикалната минимална кошница за семејство од четири члена со најосновните и најевтините производи за домување, исхрана, хигиена итн. за месец април изнесува 33.976,00 денари“, информираат од УПОЗ.
Од таму очекуваат во најбрз можен рок отпочнување преговори со Министерството за финансии.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content