Ќе нема зголемување на цените на патарините

42

Цените на патарините ќе останат непроменети, информира Министерството за транспорт и врски.

Како што нагласуваат од таму, средствата собрани од наплата на патната такса, согласно плановите на Владата, ќе се инвестираат директно за реализација на најкрупните инфраструктурни проекти. Меѓу нив се изградба на автопати на Коридорот 8 и 10д, како и останатите автопатски делници со вкупна должина од преку 190 километри, во изградба на експресни патишта во должина од 64 километри, во рехабилитација на регионални и магистрални патишта од преку 150 километри и во преку 450 километри локални патишта.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content