„Јафа Црвенка“ повлекува од продажба одредени количини „Рум касато“ поради тврди шеќерни парчиња

111

Фабриката за бисквити „Јафа Црвенка“ повлекува одредени количини од производот „Рум касато“ од 120 грама со следниве рокови на траење: 10.7.2025, 14.7.2025, 23.7.2025, 24.7.2025, 25.7.2025 и 26.7.2025. Причина за повлекувањето, како што соопшти, е можно присуство на тврди шеќерни парчиња.

Сите останати рокови на траење, според „Јафа Црвенка“, се со стандардно висок квалитет.

-Ги повикуваме купувачите и потрошувачите кои имаат купено производи со наведениот рок на траење да се обратат кај своите Jaffa продавачи, преку е-пошта на [email protected] или на телефонскиот број 0800/200-010 за замена на производот, наведува „Јафа Црвенка“.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content