Јанчев: Почнува инвестиција од 30 милиони евра во Кавадарци

29

Почнува инвестиција од 30 милиони евра, Мала Америка во Кавадарци, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својот Фејсбук профил.

– Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките светски стандарди, кој ќе биде единствен во регионот, мол и три станбени згради во новиот центар на Кавадарци, на површина од 65.000 квадратни метри. Во целиот комплекс ќе биде вграден најсoфистициран систем за греење и ладење, кој ќе придонесе за заштеда на електрична енергија до 70 проценти, соопшти Јанчев.

Тој додаде дека изградбата со целокупната документација од Општина Кавадарци, е веќе започната.

– Како што беше најавено и ветено во предизборната програма, целокупниот проект, комплекс, се гради во прва фаза како приоритет и ќе биде завршен и пуштен во употреба до август 2025 година. Кавадарци е европски град. Кавадарци за сите, напиша Јанчев, наведувајќи ја веб-страницата https://littleamerica.mk.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content