Ѓурчески за Алфа: Мицкоски го следеле партиски испостави во безбедносните служби, сега се исплашени

110

Следењето и снимањето на Христијан Мицкоски додека беше лидер на опозицијата, за што самиот информираше, е резултат на исполитизараните безбедносни структури во Агенциите за разузнавање и контраразузнавање- тврди Љумобир Ѓурчески. Како поранешен началник во МВР, коментира дека партиски испостави се длабоко загрижени дека на површина ќе излезат сите незаконски дејствија што ги правеле.

-Одредени информации кои што они ги касифицираа а не заслужуваат да бидат класифицирани, за што и премиерот пред недела дена кажа дека добивал известувања од безбедносните служби кои што претходниот ден ги читал од медиумите, што е спротивно од она што безбедносните служби треба да го презентираат пред претседателот, пред претседателот на Владата и функционерите кои се корисници на тие безбедносни информации се со цел благовремено преземање на одредени дејствија за безбедноста во насока на зачувување на уставниот поредок. Од тука мислам дека оваа тема е бајаги сериозна, си има свои длабоки корени едни структури кои се позиционирани во тие безбедносни служби кои што си зеле за право да си стават над државата години наназад и си зеле за право да прислушкуваат опозиција, функционери, претседатели и неовластено да прислушкуваат граѓани и со што попречуваат и одредени реформи во безбедносно-правниот систем во Македонија, вели во изјава за телевизија Алфа поранешниот началник во МВР Ѓурчески.

Дека името на Христијан Мицкоски било на врвот на листите на безбедностите служби додека беше лидер на опозицијата, откри премиерот на вчерашниот брифинг со новинарите. За него важеле посебни мерки и постојано бил мета за обработување од агенциите за безбедност, бил третиран како терорист, постојано го снимале и го документирале секое негово движење, дури и со дронови, а за тоа постоеле и службени белешки, тврди премиерот. Како причина зошто го прават тоа, тогашниот директор навел дека следењето на Мицкоски е оти наводно ја загрозувал безбедноста.

Сега, Агенцијата за разузнавање води истрага, а во декември ќе брифира на затворена владина седница. Истовремено, Владата бара декласификација и на белешките на АНБ со цел содржината да биде обелоденета.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content