СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

Утре отворен Ден за граѓаните во касарните во Скопје, Штип и Тетово

Утре (04.04.2023 година) со почеток во 10.00 часот, како дел од активностите за одбележување на Денот на НАТО и три години од нашето полноправно членство во Алијансата, Армијата на Република Северна Македонија организира отворен ден за граѓаните во касарните „Илинден„ во Скопје, „Јане Сандански“ во Штип и „Кузман Јосифовски Питу“ во Тетово.

За време на отворениот ден ќе се прикажат дел од средствата и опремата како и воено показни вежби од единиците на Армијата стационирани во наведените касарни со кои присутните ќе имаат можност поблиску да се запознаат со опремата и обученоста на припадниците на Армијата.

Граѓаните кои сакаат да присуствуваат на наведените активности потребно е да пристигнат пред влезот во касарните во период од 09.30 до 10.00 часот, поради потребните процедури за влез.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content