СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Спорт

Победа со три победи по ред, сепак ќе се бори за опстанок

Попладнево во натпреварот од претпоследното 26-то коло на Втората лига-Исток во Кочани фудбалерите на Победа го совладаа домашниот состав на Осогово со 0-1, полувреме 0-1.

Во отворен натпревар од двете страни и со многу борбена игра црвено-белите на крајот стигнаа до третата последователна победа во финишот на сезоната. И навистина е штета што кога формата на екипата е во евидентен подем, што се евидентира низ изданијата на неколкуте последни натпревари, шампионатот привршува.

Денес избраниците на Крстески прикажаа максимално борбена игра и издржаа и покрај фактот дека од 56-тата минута имаа играч помалку, по исклучувањето поради втор жолт картон на Јошески, а во втората од 4-те минути судиско надополнување втор жолт картон доби и Петроски, па Победа мечот го заврши со 9 играчи.

 

Отворената игра од двете страни резултираше со доста возбудувања. Победа се закани од самиот почеток со волеј на Грозданоски кој беше блокиран а по корнерот Петкоски биеше млако од 5-6 метри од тешка позиција во домашниот голман. Во 8-та минута најубавиот потег на мечот-прекрасен волеј од над 25 метри на младиот Јошески кој немаше среќа бидејќи неговиот удар заврши во пречката од домашниот гол.

Доброто отворање на мечот резултираше со рано отворање на резултатот. Во 17-тата минута по корнер за домашните Победа започна контра од својата половина.

Јошески го проигра Кисески-Илијоски кој ја доби топката на 15-тина метри во својата половина и истрча со неа до околу 30-тина метри од противничкиот гол од каде упати силен и неодбранлив удар за Размовски за водство на Победа од 1-0. Домаќините се заканија во 32-та минута но обидот на Недановски го одбрани Столевски.

На почетокот на вториот дел повторно среќа за домашниот тим-уште еднаш се затресе домашната пречка по ударот на нововлезениот Димитријески, а неколку минути подоцна се обиде и Ангелески но овојпат Размовски одбрани. Откако во 56-тата минута по непромисленото влечлење од страна на Јошески-за втор жолт картон Победа остана со 10 играчи домаќините ја презедоа теренската иницијатива.

Но, и покрај тоа што имаа играч помалку со максимално борбена игра, како и што доликува на еден фудбалер на Победа, момците во црвени дресови не дозволија ниеднаш посериозно да биде загрозен голот на Столевски, кој имаше уште една интервенција по слободниот удар на Поповски.

Победа: Столевски, Бошески (од 92 мин Каралиоски), Петровски, Петкоски, Стомнароски (од 88 мин Спиркоски), Дунимаглоски (од 46 мин Димитријески), Кисески-Илијоски, Ангелески, Јошески, Неделков (од 77 мин Симјановски) и Грозданоски (од 88 мин Алимоски).

Резултати 26 коло: Осогово-Победа 0-1, Росоман-Плачковица 0-1, Кит-Го-Брегалница 1-2, Тиквеш-Саса 3-1 и Кожуф Слога 0-2.

Табела: Брегалница 70, Тиквеш 61, Кит-Го 42, Кожуф 35, Слога 33, Саса 32, Осогово 29, Победа 26, Плачковица 18 и Росоман 9 бодови.

Двојки за наредното последно 27-мо коло (сабота 15 мај): Победа-Кожуф, Брегалница-Тиквеш, Саса-Росоман, Плачковица-Осогово и Слога-Кит-Го.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content