Херојско реми на македонските младинци со Хрватска на ЕП во ракомет!

184

Огромен бод за машката ракометна репрезентација на Македонија до 20 години против Хрватска, со која ремизира 24:24, а губеше со седум гола разлика во натпреварот од второто коло од групата А на 14. Европско првенство во Словенија.

Хрватите, кои на стартот неочекувано загубија со 27:23 од Австрија, по 10:10 при крајот на првото полувреме заминаа на паузата со водство од 15:10, а серијата ја зголемија до максимални 18:11 во почетокот на вториот дел!

Тогаш избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ конечно се „разбудија“ и заиграа на нивото на деветтата селекција од минатогодишното Светско првенство во Хрватска и со контрасерија дури и поведоа со 20:19, а во завршницата имаа и играч повеќе!

Но, до крајот „коцкестите“ постојано беа во водство, а бодот што ги остава „црвено-жолтите“ во трка за главната фаза го донесе десниот бек Димитар Узунчев, играчот на натпреварот со Црна Гора, која Македонија вчера ја декласира со 31:21.

Во главната фаза одат победниците на шесте групи, како и двете најуспешни второпласирани селекции, па дуелот со Австријците в сабота од 14:20 часот во салата „Златорог“ во Целје директно ќе решава за тоа.

Узунчев и овојпат беше најефикасен во македонскиот тим со 6 гола од 8 обиди, заедно со средниот бек Славчо Шулески, кој со 6/7 беше прогласен за МВП.

На голот блескаше Иван Галевски со 7 одбранети удари од 17 или фантастичен ефект од 41,18 проценти, но голем придонес за ремито има и Давид Брестовац со две клучни одбрани од чисти позиции во финишот на средбата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content