Уште едно обвинение против Нефи Усеини

107

Бизнисменот од ДУИ и поранешен член на Советот на Охрид, Нефи Усеини доби второ обвинение за градење на диво. Во овој случај тој и уште едно лице почнале бесправна надградба на куќа на нивно земјиште во центарот на Охрид, која тргнале да ја прошируваат и да ѝ доградуваат катови.

-По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинителен акт против две лица за кривично дело бесправно градење, согласно член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничените Н.У и С.Ш на возраст од 49 и 48 години, како соизвршители, на 27.7.2023 година почнале да градат објект на нивно земјиште, без одобрение за градба издадено од надлежен орган. На постоечкиот објект во центарот на Охрид изградиле доградби од северната страна, во сутеренот, приземјето и на катот, проширувајќи ги со армирани бетонски плочи и столбови, по што продолжиле да го надградуваат објектот со две армирано бетонски плочи со кои ја зголемиле неговата катност, соопшти Јавното обвинителство.

Против првиот обвинет во овој предмет, се додава во соопштението, се води судска постапка за уште едно бесправно градење во центарот на Охрид, односно за дивоизградената пицерија на Усеини изградена на државно земјиште кај охридскиот чинар во строгиот центар на градот, за која ЈО во 2022 година подигна обвинение.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content