Трансферот на Миовски во Абердин вреден половина милион фунти

39

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски направи трансфер од унгарскиот МТК во Абердин и во наредните четири години ќе игра во Шкотска. Медиумите на Островот ја открија и вредноста на трансферот.

Според шкотските медиуми, Абердин за Миовски платил отштета од 536.000 фунти. Тој е засега најскапото засилување на Абердин во овој летен преоден рок.

Бојан Миовски неодамна постигна два гола за репрезентацијата на Македонија во триумфот од 4:0 против Гибралтар, во Лигата на нации.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content