Стрелките на часовниците во недела сепак се враќаат наназад

58

Овој викенд во ноќта меѓу 29 и 30 октомври стрелките на часовниците сепак ќе се поместат еден час наназад, откако Владата одлучи да нема промена во досегашното летно и зимско сметање на времето.

Од Министерство за економија на седницата информирале дека проценката е направена во соработка со Министерство за финансии, Министерство за внатрешни работи, Министерство за образование и наука, Министерство за труд и социјална политика, Агенција за електронски комуникации, Биро за метрологија, Стопанска комора на Северна Македонија, Управа за хидрометеоролошки работи, Стопанска комора на северозападна Македонија и Економскиот факултет – Скопје.

„Од прикажаната пресметка за потребна топлина и анализата на промените на надворешните температури на часовно ниво, воочено е дека задржувањето на летното сметање на времето ќе предизвика зголемена потрошувачка на топлинска енергија од 1,5 – 3,5 проценти за грејната сезона. Согласно направената анализа на движењето на температурите во утринските часови и пресметките за потребна топлина за загревање, заклучено е дека со враќање во зимско сметање на времето ќе се заштеди на потрошувачка на електрична и топлинска енергија“

Пред неколку недели од Владата најавија дека поради енергетската криза ќе се направат анализи дали е поекономично да продолжи да се користи летното сметање на времето.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content