СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Со поддршка од Министерството за образование и наука се реконструира училиштето Блаже Конески во Прилеп

Со почетокот на зимскиот распуст отпочнаа градежните активности во ООУ „ Блаже Конески“ Прилеп кои опфаќаат реконструкција на подови и изработка на термоизолациона фасада. Проектот е финансиран со средства обезбедени од Министерството за образование и наука и чини 8.587.393,00 денари, со што училиштето е едно од 24-те училишта во кои МОН вложува за подобрување на образовната инфраструктура.

„Особено задоволство ни претставува високото ниво на меѓусебна соработка со министерството, разбирањето на потребите на учениците и наставниците, со цел подобрување на условите за работа во нашето училиште. Знаејќи дека голем дел од денот поминуваме во училишните простории, реконструкцијата на дотраениот под и изработката на термоизолациона фасада ќе овозможи првенствено полесно затоплување на просториите, кое беше проблем во зимските денови, заштеда на енергија која се рефлектира во заштеда на буџетот и на училиштето, но и на локалната самоуправа. Исто така, го подобрува естетскиот дел на училиштето и вредноста на самиот објект, кое претставува инвестиција во нашите деца од непроценлив карактер. Морам да напоменам дека ова не е прва соработка со Министерството за образование и наука, односно ист ваков проект кој се однесуваше на санација на електрична инсталација и замена на постоечкото осветлување со лед сијалици во висина од 2.832.000,00 денари, беше реализиран во летниот период во минатата 2021 година. Градежните активности предвидени според проектот се планирани да траат 5 месеци. Работите се одвиваат интензивно посебно во внатрешниот дел на објектот во интерес на нашите ученици“, изјави директорката на училиштето, Ангелка Баракоска.

 

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content