Со информативни табли обележани културните и природните знаменитости во Прилеп

53

Во Општина Прилеп во тек е имплементацијата на проектот „Означување на културни и природни знаменитости во руралните средини во Пелагонискиот регион“ кој се реализира преку Центарот за развој на Пелаонискиот плански регион во партнерство со Општина Прилеп.

Проектот се реализира со финансиска поддршка од Агенцијата за финансиска поддршка во земјодејството и руралниот развој(АФПЗРР).

Во изминатите денови поставени се 36 патоказни знаци за означување на природни и културни знаменитости во руралните подрачја на Општина Прилеп.

Следува поставување на 75 информативни табли за означување на природни и културни знаменитости во рурални средини – информираат од општината.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content