Со добра стратегија производството на тутун се зголеми

101

а да го мериме успехот на Владата мораме да почекаме да помине една производна година и да ги споредиме производствените количини и капацитети со претходната година, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во „Тема на денот“ на Сител телевизија.

Јас ќе ви кажам еден пример каде што сме на вистински правец на движење, минатата година уште во техничка Влада, како технички министер се обидов да ја поткренеме цената на тутунот за да даде и државата дел на стимулации. Со компаниите јас лично разговарав и успеавме да ја поткренеме цената во самиот откуп – појасни министерот.

Министерот Трипуновски додаде дека кога бил технички министер имало количини на тутун од околу 14-15 милиони килограми.

Оваа година со таква стимулација ние имаме 24 милиони килограми тутун, нагласи министерот.

Кај тутунарите заедно со субвенцијата ќе влезат 198 милиони евра – појасни тој.

Министерот посочи дека ако некогаш државата имала десеткувано производство на тутун од 15 милиони килограми, веќе се враќа на времињата кога некогаш имало 25 милиони килограми тутун. Со добра стратегија и количеството на грозје и пченица ќе се зголеми.

Радио Холидеј - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Холидеј Радио
Skip to content