Слушнете го првиот музички проект на младата прилепчанка Маја Марија

25

Новиот cover е сплет од две англиски песни и е првиот проект кој Маја Марија го изведи по нејзина замисла.

“Најголема желба во животот ми е да успеам во музиката, но како секој музичар до сега одам чекор по чекор до целта. Целта на овој проект е да стекнам публика и да се претставам себе си. Понатаму би сакала да извадам, а можеби и да напишам своја авторска песна.’’, вели младата изведувачка од Прилеп.

“Интересно за мене е што сум љубител и на македонската музика. Сонувам дека еден ден ќе испеам нешто македонско кое ќе биде хит во Македонија со години, па и на тоа работам сега. Задоволна сум со својот успех до сега, а до следиот мој проект уживајте во овој”, додава Маја Марија.

Maркукуле и’ посакува огромни успеси на нашата млада прилепчанка во иднина, а следниот музички проект го очекуваме со нетрпение.

https://youtu.be/jFMbJAu1qFk

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content