СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Локално

Се чаталел пред другите деца и пријавил бомба во школо

Прилепската полиција поднесе известување до Основното јавно обвинителство Прилеп, поради лажно пријавување за кривично дело „тероризам”, предвидено и казниво по член 394-б од Кривичниот законик.

„На 16.01.2023 во 18.16 часот од својот мобилен телефон, малолетник, во присуство на неколку малолетници, телефонски пријавил дека во училиште во с.Житоше има поставено бомба. Полициски службеници извршиле проверка, при што било утврдено дека станува збор за лажна пријава. По преземени мерки и активности, извршени се службени разговори со малолетниците, во присуство на родители, при што тие го појасниле начинот на кој го извршиле делото“, се вели во полициското соопштение.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content