Се воведува ново кривично дело: безобзирно возење

24

Ова го предвидуваат предлозените измени на Кривичниот законик со воведување на безобзирно возење како кривично дело. Така членот 403 предвидува дека ако возите под дејство на алкохол со најмалку 1,50 г/промили во крвта, или возите под дејство на дроги, психотропни супстанции или прекурзори, но и ако возите во забранет правец, претекнувате колона возила на непрегледно место или возите со брзина која надминува 70 километри на час над дозволената, ќе претставува безобѕирно управување со моторно возило и ќе се смета за кривично дело.

Од Јавното обвинителство велат дека со ови измени дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.

-Станува збор за кривична одговорност во наведените случаи дури и доколку нема директна штетна последица – предизвикана сообраќајна незгода. Со ова практично дел од дејствијата кои претходно беа прекршочно казнувани сега ќе бидат подигнати на ниво на кривично дело.-ЈОРМ.

Професорот на отсекот сообраќај од Техничкиот факултет во Битола, Никола Крстаноски, за Канал 5 вели дека постои масовна недисциплина и непочитување на сообраќајните правила и прописи а вакви измени требало одамна да се направат.-Во принцип сметам дека овие промени во Кривичниот законик се позитивни и потребни, и мислам дека многу порано да се направат. Забележувам во последно време и тешки прекршоци, од она што се вклучува во новиот закон, престигнување на полна линија на непрегледно место на патот, возење со брзина над 50, 60 и 70 км на час над ограничената брзина. Тоа се тешки прекршоци кои носат тешки последици и земаат жртви за жал. Се надевам дека ќе има позитивни ефекти, меѓутоа во секој случај морам да нагласам дека се потребни многу пошироки мерки,изјава – Никола Крстаноски – Професор на Технички факултет Битола.

Според податоците од МВР, најчести фактори за сообраќајни незгоди во последните 10 години на се брзото возење, непочитувањето на правилата за првенство на минување, потоа непрописно движење и свртување, како и управување под дејство на алкохол. Оттаму велат дека со предложените измени на КЗ се очекува подобрување на општата безбедност во патниот сообраќај.

-Нaведениот член 403 од предлог текстот на новиот Кривичен законик, кој како новина го пропишува и регулира безобѕирното управување со моторно возило, во пракса би преставувало преквалификација на наведените прекршоци во кривични дела и со истиот се очекува подобрување на општата безбедност во патниот сообраќај, како на репресивен така и на превентивен план што би придонело кон намалување на бројот на сообраќајни незгоди.- МВР.

Измените се на предлог на Министерството за правда и се очекува да бидат донесени до крајот на годината.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content