Ристовски: Сите спортисти кои ќе рекламираат кладилници ќе ја изгубат државната помош

128

Министерот за спорт Борко Ристовски во интервју за Рес Публика вели дека сите оние спортски работници кои ќе ја рекламираат индустријата за игри на среќа ќе ја загубат државната помош.

„Се однесува и на рекламирањето на обложувалници, се однесува и на недостојно однесување, генерално, на сите претседатели коишто се однесуваат така, на нивното работно место и надвор од него. Мора да создадеме градација, да кажеме дека дотука е доволно, а на сите оние коишто добиваат државна помош и притоа рекламираат казина и обложувалници да им биде прекината помошта што ја земаат од државата, затоа што мислам дека е недостојно за кој било спортист да рекламира спортски обложувалници“ вели Ристовски.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content