СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Македонија

27 јануари – меѓународен ден за сеќавање на холокаустот

На овој ден во 2005 година, е донесена резолуција на ООН со која се отфрла било каква форма на негирање на холокаустот, и се поддржува развој на образовни програми за сеќавање со цел да се спречат идни геноциди. По повод денешниот ден, генералниот секретар на Обединетите нации Гутереш на церемонијата за комеморација на жртвите кажа дека омразата расте со алармантна брзина и светот мора силно да ги осуди силите на поделба.

-Сите ние – лидерите и граѓаните – имаме одговорност да слушаме и да учиме од она што имате да го кажете. И да се постапи по тоа: Осудувајќи ги овие ужасни злосторства против нашето општо човештво.Со стремеж да се искорени антисемитизмот и сите форми на фанатизам, омраза и нетрпеливост. И со изнаоѓање начин напред кон заедничка, безбедна и инклузивна иднина за нашето човечко семејство. Ова е особено важно во денешниот опасен и поделен свет. И неколку кратки месеци по ужасните терористички напади на Хамас, во кои беа убиени толку многу невини израелски цивили и граѓани на други земји-, Антонио Гутереш – Генерален секретар на ОН.

На овој ден и Македонија се сеќава на 8.000 евреи депортирани од Бугарија во логорите на нацистичка Германија…Претседателот на Еврејската заедница во Македонија Пепо Леви во изјава за Канал 5 вели дека е горд на Македонија, која со своето мултикултурно и мултиетничко богатство претставува пример за регионот и целиот свет

„ Антисемтиизмот и мултиетничкиот живот мислам дека во Македонија нема да бидат во опасност, постои една мултиетничка сплотеност, се почитуваат разликите и Евреите никогаш повеќе нема да бидат убивани затоа што имале поинаква вера култура и раса. Среќен сум што Македонија  е таква заемја каква што е слободарска и среќен сум што живеам во Макеоднија, која знае да го почитува тоа,-“ вели Пепо Леви – Претседател на Еврејската заедница во Македонија.

По повод Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот се огласи претседателот на државата Стево Пендаровски кој порача дека:

Наша должност е да ја сочуваме вистината за Холокаустот, споменот за неправдите и милионите жртви, и да се спротивставиме на секое зло кое потекнува од стереотипите, стравот и меѓусебното неразбирање, бидејќи само така ќе ја задоволиме правдата и ќе имаме мир.

Инаку, 27 јануари е земен како ден за одбележување, бидејќи на оваа дата пред 79 години, советската армија го ослободила логорот Аушвиц – Биркенау.  Снимките од тоа што таму се случувало се запомнети како дел од најтемните моменти на човековата историја во кој беа убиени една третина од еврејскиот народ и безброј членови на други малцинства.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content