Проданоски: Ќе собере храброст Спасовски за смена на првите луѓе во ПС Прилеп?

30

Почитувани,

Тоа што Оливер Спасовски остана глув на апелите и барањата, како од градоначалникот Борче Јовчески, така и од Советот, за смена на командирот на ПС Прилеп, е само доказ дека на некој му одговара Прилеп да биде град на криминалот, безредието и мафијата.

Двете возила, на пратеникот Петар Ристески, кој пред само некој ден, јасно и гласно од собраниската говорница порача дека „Ни мртов нема да гласа за францускиот предлог“ се опожарени во текот на изминатата вечер. Веќе видени и познати методи на некакво заплашување, кога СДСМ е на централна власт. Прашуваме, дали можеби ова се методите и јаловите обиди, во трката за обезбедување на 2/3 мнозинство за смена на уставот? На ваков ли начин власта ја разбира демократијата, кога секојдневно на удар се неистомислениците, само затоа што имаат поинакво мислење?

Дали полицијата на Оливер Спасовски, ќе постапи брзо и ефективно и ќе го открие сторителот, како што претходно знаела да постапува, кога станувало збор за дела извршени кон функционери и блиски соработници на СДСМ? Или и овој настан, ќе биде евдентиран како настан „за кој се презеле сите мерки согласно законот“, за сторителот на крај да не биде откриен?

Потсетуваме, дека пред извесно време беше опожарено и возилото на директорот на ЈКП Комуналец Прилеп, Рубин Абрашоски, а сличен настан беше пријавен лично и од моја страна.

Очигледно Оливер Спасовски, нема храброст да изврши смена на првите луѓе на полицијата во Прилеп, како би се презеле конкретни и ефикасни чекори, во борба со криминалот. Тепачките, насилството, опожарувањето возила, станаа секојдневие, а прилепчани се оставени сами на себе да се штитат себеси, своите најблиски и својот имот.

Порачуваме дека не се плашиме! Ваквите методи, ваквите чинови на вандализам и дивеење, нема да не’ поколебаат да бидеме на страната на народот и вистината! Нема да не’ поколебаат да се бориме до крај против предавството на власта предводена од СДСМ.

После смена на централната власт, секој еден кој се огрешил пред законот, ќе си сноси одговорност. Бидете уверени во тоа!

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content