Прилепската болница набави три современи апарати за физикална медицина

47

Прилепската болница „Борка Талески“ со сопствени средства набави три најсовремени апарати за физикална медицина, со што, како што вели директорката Кети Смилеска, ќе се подобрат здравствените услуги на граѓаните. Станува збор, вели Смилеска, за апарати кои се од американскиот производител Чатанога, кои се монтирани и ставени во функција и после новогодишните и божиќните празници ќе се користат за третмани во физикалното одделение и во амбулантата за физикална медицина.
Според д-р специјалист Благоја Ѓорѓиоски, апаратите се многу значајни за физикалната медицина и за подобрување на третманите на пациентите од целиот регион.

Набавивме Intelekt neo најсовремен комбиниран апарат за електротерапија со 4 канали, кој нуди можност во исто време независно да им се пружа здравствен третман на петмина пациенти, со што се зголемува оптималниот капацитет на физикалното одделение. Покрај третманите со електротерапија, ултразвук и ласер апаратот овозможува и третмани со вакум електроди. Големи се придобивките со лекувањето со апаратот како за релаксација на воспаленија или грчеви во мускулите и контактури на зглобовите, превенција од атрофија, стимулација на мускулите на потколеницата за спречување венска тромбоза, олеснување или третман на хронична пострауматска акутна болка, стимулација на мускулите на ногата и глуждот на делумно парализирани пациенти и др. Вториот апарат е екстензиомат со кој ќе се врши терапија на лумбалниот и цервикалниот дел со апарат за екстензија на рбетниот столб со кој успешно се третира дискусхернија или дегенеративни промени во почетна фаза. Третиот апарат е shock wave – комбиниран апарат за третман на индикации за лекување на повреди и болки во повеќе делови од телото како тендинопатија, ахилова пета, ортопетски повреди, фасцитис со посебен акцент на пулсна вибрациона масажа – изјави д-р Благоја, посочувајќи дека во одделението работат тројца лекари, а дневно имаат по околу 130 пациенти.

Со набавката на апаратите во преден план е ставен интересот на пациентите, но и подобрување на условите за работа на вработените, но и за подигање на квалитетот на услугите во болницата.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content