СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Здравје

Почнува вакцинацијата против сезонски грип

Бесплатната вакцинацијата против сезонски грип почнува денеска во шесте поликлиники на територија на град Скопје и тоа во Ѓорче Петров, Букурешт, Чаир, Бит Пазар, Ченто и Јане Сандански во рамки на Здравствен дом Скопје. Вакцинацијата ќе се одвива секој работен ден во периодот од 14 часот до 19 часот, информираа од Здравствен дом Скопје.

Министерството за здравство минатата недела соопшти дека вкупно се набавени 40.000 дози на четиритипни вакцини кои се наменети за бесплатна вакцинација на ризичните групи во кои спаѓаат стари лица на возраст над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени, деца на возраст од шест месеци до пет години. Вакцините се производ на француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“.

 

Од Центарот за јавно здравје Скопје информираа дека кај нив денеска почнува и вакцинацијата против сезонски грип со комерцијални вакцини кои чинат 800 денари. Вакцинацијата со овие вакцини ќе се одвива секој работен ден од 07:30 часот до 18 часот. Комерцијални вакцини против сезонски грип набавија и центрите за јавно здравје во другите градови, каде ќе се врши вакцинирањето.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Back to top button
Skip to content