Култура
Приведени десетици активисти и новинари во Истанбул на Парада на Гордоста
Турската полиција насилно интервенираше на Парадата на гордоста во Истанбул и уапси десетици лица, вклучително и фоторепортерот на агенцијата Франс прес.

Полицијата дури пред почетокот на Парадата упадна во повеќе кафулиња и приведе ЛГБТ активисти и новинари. Според невладините организации уапсени се 52 луѓе.
Годинава, како и претходните години, Парадата на гордоста е официјално забранета, но стотици демонстранти со знамиња во боја на виножито се собраа на улиците околу плоштадот Таксим, што е целосно затворен за јавноста.