СЛУШАЈТЕ ВО ЖИВО

Култура

Претставата „Мистерија Буфо“ на репертоарот на Прилепскиот театар

Во театарот „Војдан Чернодрински“ интензивно се подготвува претставата „Мистерија Буфо“ во режија на Андреј Цветановски, кој првпат соработува со театарот.

Изјава на режисерот

-Подолго време се договаравме со театарот во однос на тоа што би работеле. Низ годините се сменија повеќе текстови, но на крајот се задржавме на „Мистерија Буфо“ според Дарио Фо, бидејќи е еден материјал којшто овозможува креативност и создавање на сцени кои доаѓаат од импровизациите на сцена. Пишуван е како дел од референци на средовековен театар, којшто е доста заборавен во историјата на театарот, а сепак носел некои интересни форми, а тоa се мистериите, кои средновековните актери ги играле на плоштадите за да ги величаат чудата. Низ таа една призма ќе се обидеме да раскажеме приказна за теaтарот, каков бил тогаш и колку тој театар денес носи исти работи. Се обидуваме да создадеме структура, преку која низ сцените ќе раскажеме приказна што ќе е интересна. Претставата ќе има асоцијации, и мислам ќе биде модерна комедија со апсурдни призвуци , комедија со горк вкус.. Ќе биде колективен чин на создавање. Актерската екипа најдобро ќе ги создаде сцените и тоа ќе го направиме низ колективен чин, бидејќи во театарот што го работам мора да има единство. Ќе создадеме радост на играта, што публиката се надевам ќе ја почувствува.

Во претставата ќе играат Марија С.Илијеска, Димитар Ѓорѓиевски, Александар Тодески, Димитар Црцороски, Михајло Миленкоски, Илија Волчески, Наташа Ачански и Ангела Наумоска.

Сергеј Светозарев ќе биде автор на сценографијата, Марта Дојчиновска на костимите, драматургијата и преводот е на Лидија Митоска Ѓорѓиевска, а музиката на Томе Темелкоски и на екипата.

Премиерата се планира наскоро.

Прикажи повеќе

Холидеј

Радио Холидеј е приватна радио станица - концесионер која со квалитетен сигнал го покрива регионот на Општина Прилеп, Крушево, Македонски Брод, Демир Хисар, Битола и поширокиот Пелагониски регион.

Поврзани објави

Прочитај повеќе:
Close
Back to top button
Messenger icon
Пишете нѝ на Фејсбук!
Skip to content