Претседателот Иванов: Пред наши очи ПРОПАЃА Европската Унија, време е за ЕВРОПА БЕЗ ЕУ

32

Екс претседателот на Република Македонија (2009-2019) д-р Ѓорге Иванов смета дека Европската унија се соочува со пропаст затоа што не е во можност да оствари ниту една своја амбиција каква што е проширувањето кон Западен Балкан.

Според претседаталот Иванов кој со децении е еден од најголемите поддржувачи на европската интеграција по низата разочарувања од Брисел за земјите кандидати смета дека е време да почне да се размислува за Европа без ЕУ.

Овие пораки Иванов ги испрати од Меѓународната конференција „Балканот и Европа – од заедничко минато до заедничка иднина“ под покровителство на претседателот на Големото турско народно собранието, Мустафа Шентоп.

Меѓународната конференција се одржува по повод 100 години од основањето на турската република, а ко-организатори се четири универзитети од Република Турција: Истанбулскиот Универзитет и Мармара Универзитетот од Истанбул, Тракискиот Универзитет од Едрене и Намик Кемал Универзитетот од Текирдаг.

Претседателот Иванов се обрати на сесијата на свеченото отворање на конференцијата на темата „Европа и Балканот – од прва Европа до периферија на ЕУ“.

На почетокот, претседателот Иванов го честитал едновековниот јубилеј на Република Турција, спомнувајќи за основоположниците на турската република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна Отоманска Македонија, односно Румелија.

Во говорот, Претседателот Иванов се осврнал на митот за Европа и за реална Европа, како и за територијалниот опсег кој го покрива Европа. Од каде потекнува називот, како се толкуваат и подоцна менуваат границите на Европа и како просторот на Балканот каде и се простира првата, стара Европа, сега се наоѓа на периферијата на Европската унија.

„Живееме во време кога еден мировен проект, наречен Европска Унија, денес пред наши очи пропаѓа при неговото соочување со реалноста. За жал, може да се констатира дека денес во 2023 година, Европската унија не е во можност да оствари ниту една своја европска амбиција. Тоа се однесува и на проширувањето кон Западен Балкан“, порачал Иванов, нагласувајќи дека е крајно време да почнеме да размислуваме за Европа без Европската унија.

Тој истакнал дека во прв план на таа Европа треба да биде среќата на луѓето и колективната солидарност, пред сѐ, на локално и на регионално ниво, како и дека таквата Европа треба да се ослободи од вековните мисионерско империјални аспирации, според кои Европа треба да биде предводник и мерило за целиот свет.

За време на посетата на Истанбул, претседателот Иванов остварил средба со Претседателот на турското Собрание г. Шентоп, со ректорите на четирите универзитети ко-организатори на конференцијата и со други учесници.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content