Македонија
Престанува обврската за поседување зимска опрема во возилата
Законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата завршува денес (15-ти март). Возачите веќе не треба задолжително да ја имаат во своето возило.

Обврската произлегува од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кој предвидува дека моторните возила и работните машини кога учествуваат во сообраќај на пат надвор од населено место, во периодот од 15 ноември до 15 март задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема.