Презентација на Водичот за обучувачи – развивање вештини за медиумска писменост

35

Во организација на Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска ќе биде промовиран Водичот за обучувачи – Развивање вештини за медиумска писменост.

На презентацијата, ИКС ќе го пренесе искуството од имплементирањето на овој модел и водич во средното училиште „Никола Карев“, под водство на професорката Снежана Станкова, и ќе претстави препораки за сите едукатори заинтересирани за спроведување на слични образовни активности за своите целни публики.

Водичот е изработен во рамки на проектот „Инклузивно и креативно медиумско образование“, спроведуван во партнерство со Финскиот национален аудиовизуелен институт KAVI и Универзитетот во Фиренца, Италија.

ИКС соопшти дека го изработи овој документ со цел да биде практичен водич за секој што сака да спроведува програми за медиумска писменост, без разлика дали станува збор за училиште или граѓанска организација.

Промоцијата на Водичот се одржува во рамки на Деновите на медиумската писменост 2023.

Може ќе Ви се допадне

Веб страницата користи *колачиња со цел да овозможи и креира подобро корисничко искуство за нашите посетители. Прифаќам Повеќе

Skip to content